Нашиот популарен поп- пејач Александар Тарабунов е вистински домаќин човек. Талентиран, убав, згоден, посветен во домот, ма вистински фраер што многу девојки би посакале такви квалитети.
А Тара „сингл“, момче за се’!

Вистиннската се’ уште не го нашла или не ја нашол, ама како што тргнал вака да се покажува на социјалните мрежи за своите вештини, конкурекцијата сигурно нема да биде мала.

Тој е вреден, посветен, предан, одговорен пред доста обврски, професионални и лични, а грижата за истите ја изведува до ниво кое секако му го храни личното задоволство.
Тара пее, создава музика, настапува, готви, а од поново време и пегла, а ако останавте на прашањето кого тоа – мислевме на фармерките.

Додуша без специјална даска, ама пак се снајде, Тара пегла на спална и тоа на сатенска постела за да биде уште помазно.
Дека го будува и за брзо пеглање, веќе се докажа и на следната фотографија…

Стокмен, испеглан, дотеран ко што е ред за таму – некаде и секако за едно селфи во огледало!
фото: Instagram printscreen/aleksandartarabunov/Gemini




