Младиот талентиран охриѓанец, Димитар Веслиевски, го објави своето прво официјално музичко парче – песната „Твоето име“.
Димитар кој е автор на текстот, со поддршка на познатиот продуцент, аранжер и композитор Хари Котларовски, ја сними својата прва песна на свои 19 години.

Видеото е реализирано од страна на Даниел Јовески во неговото студио. Песната „Твоето име” Димитар ја посветува на сите слушатели.
Погледнете го видеото и уживајте во првото музичко патување на Димитар:
фото:You tube printscreen/Daniel Joveski







