Радио Милева ефектна комбинација

Нина Бадриќ во капут со светки ги распеа сите на концертот во Сараево (фото)

Нина Бадриќ во капут со светки ги распеа сите на концертот во Сараево (фото)

Хрватската пејачка Нина Бадриќ во четвртокот го отвори концертот во Сараево со песната „Луѓе мои“, а публиката имаше можност да ужива во нејзините песни.

Своите најголеми хитови ги изведе на платото пред градското собрание на Сараево. Нина на сцената се појави во долго палто со светки.

Со  кратка коса, која сега ѝ стана заштитен знак и светкавото долго палто, Нина изгледала многу шик и елегантно, истовремено.

Нина направила одлична атмосфера, а ова било само продолжение на новогодишната прослава во градот каде Северина пееше за новогодишната ноќ во Сараево.

Потсетуваме, Нина Бадриќ на крајот на ноември минатата година настапи и во загрепската Арена. Нејзин гостин беше Петар Грашо.

„Најдраги… Не е доволно да се заблагодарам на сите за она што се случи во Арена Загреб. Вие сте најдобрата публика на светот. Благодарам на секоја душа што дојде и ми донесе подарокот од својата љубов. За мене беше многу емотивно да гледам луѓе од сите генерации како пеат и танцуваат со мене речиси три часа концерт. Малкумина од вас останаа да седат на трибините. Срцето ми пееше од среќа, бевте најголеми и најдобри на светот“, напишала Нина на социјалните мрежи по концертот.

фото: Printscreen/Instagram

To top