Роден е 2000 годината на самиот почеток на новиот милениум во Скопје како дете на бегалци од Косово. Неговата мајка е Македонка од Скопје, а татко му Србин од Косово. Семејство кое виорот на војната ќе ги натера да ја продадат семејната куќа и присилно да се иселат од своето огниште.
Откако ќе заминат оттаму, доаѓаат да живеат во Македонија, во скопската населба Волково, каде се раѓа идната музичка Гранд Ѕвезда, Никола Станишиќ, кој љубовта од музиката ќе ја наследи од татко му кој исто така е пејач и музичар, принуден да замине на печалба во Германија. Таму како што самиот ќе каже во една прилика при гостувањето во талент шоуто за возрасни „Никогаш не е доцна“ каде го придружуваше и Никола, благодарение на Бога кој му го подарил гласот и слухот за музика, успеал да опстане и да го прехрани семејството.

Но, првото појавување на Никола Станишиќ во едно музичко талент шоу ќе биде учеството во „Пинковите ѕвезди“ во 2016 година, каде легендарноиот Шабан Шаулиќ кој тогаш беше дел од жирито ќе му рече дека е роден талент и ќе прогнозира дека многу наскоро малечкиот Никола ќе стане ѕвезда.

Победата во последното издание на „Ѕвездите на Гранд“ ги обистини прогнозите на покојната фолк икона. Под менторство на Цеца, од емисија во емисија со секое ново појавување се повеќе ги освојуваше симпатиите на жирито, но и срцата на публиката чии гласови и му ја донесоа победата.

Патем ги освојуваше и женските срца, меѓудругите и на некои од неговите колешки со кои се натпреваруваше во најпознатото регионално музичко талент шоу, кои покажуваа отворени симпатии кон него. Како Ива Јокановиќ или Анѓела Арман која ја однесе и пред олтар, но само во видеоспотот за нивната дует песна „Поздрави“ која ја промовираа овие денови.

Државата, особено локалната власт од скопската општина Ѓорче Петров во која припаѓа неговата населба каде и денес живее го дочека како гордост на Македонија, оддавајќи му признание и прием кај градоначалникот Александар Стојкоски. Никола пак веднаш се оддолжи со тоашто пред мноштвото насобрани сограѓани одржа мини концерт најпрвин на бината во централниот парк на Ѓорче, а потоа и на спортското игралиште во неговото родно Волково.

За приказната на неговото семејство и бегството од Косово, за татко му, мајка му и детството во Скопје, за музичките почетоци и регионалните музички талент натпревари, за односот и релациите со неговата менторка Цеца, за случувањата, притисоците, поткупот, конкуренцијата, меѓусебните односи со останатите учесници за време на престојот во Белград, за неговите идоли и омилени пејачи, за дуетот со Гоце Петрески…

За неговата омилена музика и кариерата во иднина, за трачевите и гласините поврзани со неговиот приватен живот, за наводните љубовни афери со колешките и вистинската љубов со девојката и нејзиниот (не)среќен крај, за страста кон фудбалот и неговите хобија и пасии, за тоа што би бил кога не би бил пејач, а еден ден сепак планира тоа и да биде, за вистинските и лажните пријатели, за добиеното српско државјанство и евентуалната можна преселба во Белград…

И за уште мноштво повеќе или помалку познати или сосема непознати работи за неговиот приватен живот и кариера, за кои нема да слушнете никаде ниту одблизу ништо слично како во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски, за кои од прва рака ќе зборува Никола Станишиќ – македонскиот победник во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Премиерното издание на поткастот оди секоја среда од 20.00 часот, но ако од било која причина сте ја пропуштиле премиерата, оваа како и сите досегашни епизоди на интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“, можете да ги погледнете во било кое време, 24/7 ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (.







