Сопругот на актерката Светлана Цеца Бојковиќ, поранешниот дипломат Славко Круљевиќ, почина на 75-годишна возраст, а таа ја потврди оваа тажна вест.
Актерката објасни дека нејзиниот сопруг бил болен и дека бил совладан од вирусот.
Славко почина, сега сум во голем хаос и завршувам некоја административна работа. Тоа беше некаков вирус, нешто со белите дробови, верувајте, не ни знам како се случи сето тоа“, изјави Цеца за Блиц.рс со грутка во грлото.
Славко последниве денови се опоравуваше од вирусна инфекција на белите дробови, а актерката вложи многу љубов, време и внимание за да му помогне на сопругот да си го рехабилитира здравјето.
Да потсетиме, Светлана и Славко беа во брак 14 години.
фото: printscreen/fb