Радио Милева Роденденска прослава

Неда Украден го прослави 76. роденден на луксузна јахта (видео)

Неда Украден го прослави 76. роденден на луксузна јахта (видео)

Пејачката Неда Украден вчера го прослави својот 76. роденден, а по тој повод семејството и пријателите ѝ приредиле посебно изненадување на луксузна јахта.

Неда веќе извесно време одмора со семејството во својата куќа во Лепетани, а вчера организирала прослава на јахтата на нејзиниот пријател Иван Вајс, по повод нејзиниот 76. роденден.

Славеничката пристигнала на јахтата во раскошен црвен фустан, со шешир и бисерна огрлица, а вечерната прослава ја отворила со здравица и чаша шампањ.

„Од срце ви благодарам на сите за прекрасните роденденски честитки. Мојот пријател Иван Вајс ми приреди големо роденденско изненадување, така што на својата јахта го собра моето семејство и пријателите. Ова навистина е величествена вечер“, порача Неда.

На јахтата се собрале членовите на нејзиното семејство и пријателите, а за добрата атмосфера бил задолжен нејзиниот зет Пеца, кој со музиката ја довел забавата до вжештување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Životi poznatih (@estrada_na_klik)

Неда во текот на вечерта ја променила и модната комбинација, па се појавила во раскошен црно-бел фустан.

Посебен момент настапил кога гостите ѝ ја запеале роденденската песна. Неда потоа ги дувала свеќичките на дури две торти, а насмевките и доброто расположение не изостанале.

To top