Некогашната „Пулси квизче“ водителка, донеодамнешна главна уредничка на првиот програмски сервис на МТВ – Анета Андонова го има прошетано половина свет. Од Америка до Азија, од Европа до Африка…

Од бетонски џунгли во најголемите светски мегалополиси до дивината на мајката земја. И секаде каде што била покажала голема љубов кон животните.

Дали се работи за вродена пасија, стекната уште од малечка или подоцна од животното искуство и девизата: „Што повеќе ги посматрам луѓето, тоа повеќе ги сакам животните“, едноставно ТВ новинарката има огромна љубов кон сите животни. И кон домашните и кон дивите.

Било да се тоа риби, птици, влекачи или цицачи… сеедно!

Од желки до папгали, од мајмуни до слонови, Анета има потреба да ги допре, гушне, погали…

И не е тоа воопшто лошо – напротив, освен во поедини ситуации. Кога наместо питоми животинчиња пред себе имаш опасни предатори!

Арно ама Анета наша не би била тоа што е – храбра жена и трагач по возбуди, која не чека возбудата да и дојде случајно во налет, туку самата на истата и оди во пресрет!

Тоа го покажала неколку пати, ама овој нејзин обид храбар и одлучен, изгледа некако најризичен! Како и не би бил, кога и самта поговорка вели: „Не го чепкај лавот додека спие… може нешто лошо сонува“! Освен ако не е тигар, а ти си доволно мудар и итар да му пријдеш полека одзади!

Штом сфати дека си му пријател, можеш и кога е буден да се соочите „гради в гради“!

Сепак, ризикот секогаш постои животното какво и да е, зашто со животните од дивината никогаш не се знае! Еден погрешен потег или чекор и за миг твојата животинска емпатија може да се претвори во човечка трагедија.

Затоа совет и препорака: Нека не го прави ова никој од вас, по светот каде и да шета, освен… Ако не сте Анета!
Фото: Инстаграм/anetamtv




