Радио Милева им се може

На трпезата од „пиле млеко“: Во домот на семејството Гудељ се славеше Ѓурѓовден на шпански начин (фото)

На трпезата од „пиле млеко“: Во домот на семејството Гудељ се славеше Ѓурѓовден на шпански начин (фото)

Ќерката на Цеца до минатата година го славеше Свети Никола со семејството, но по венчавката со Немања Гудељ, Анастасија Ражнатовиќ почна да го слави Ѓурѓовден.

Ова е всушност првата прослава на која младата пејачка требаше да се појави како официјална снаа на познато спортско семејство, што во претходните месеци го најавуваше нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ.

Имено, таа за медиумите изјави дека Анастасија нема да дојде во Србија за Велигден бидејќи следниот ден и е роденден, а дека мора да биде со сопругот и новото семејство.

Со оглед на тоа што Анастасија навистина не го прославувала најрадосниот христијански празник со мајка си, тетка и брат, се верува дека ден-два пред тоа и помагала на свекрвата во кујната и дека Велигден го искористила за одмор, малку и подгответе за гостите за следниот ден.

Најовата објава на Инстаграм сепак прикажа сосема поинаква слика.

Таа на сите православни верници им го честиташе Ѓурѓовден, покажувајќи ја иконата Ѓурѓовден.

-Среќна слава на сите нас кои славиме денес – напиша пејачката.


Таса објави маса со торта, жито, свеќи, вино, торта и икона, за потоа да покаже декасе славело наголемо со бенд во живо и трпеза на која имало од пиле млеко.

фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija

To top