За фолк пејачката Анета Љумаковска, колегата Јане Динев и „Анета бенд“, вчера (27. Мај) беше возбудлива ноќ…
Имено, Анета, Јане и „Анета бенд“ со песната „После се’“ го освоија третото место и награда за најдобар аранжман.

Секогаш и за се’ генерално очекуваме да биде подобро и повеќе, а овој музички состав кој се претстави на сцена излезе со насмевка и задоволно лице, а Анета ја крена наградата и признанието за „После се’“.

Горди за постигнатото се пофалија и на социјалните мрежи каде добија честитки и од следбениците, а со тоа ги информираа и оние кои не го гледале фестивалот, со акцент на благодарност до жири комисијата и публиката што гласаше за нив.

За Анета Љумаковска очигледно дека како професионално, така и приватно на среќата и нема крај. Таа и саканиот Рубин Размо неодамна станаа сопружници и пред законот, само што овој важен професионелен среќен момент се случи пред очите на јавноста.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/anetaljumakovskarazmoski2701/Facebook/ Фолк Фест Валандово





