Македонската инфлуенсерка Миа Костова отпатува на летен одмор со пријателката Тијана, а од Грција сега ги „загреа“ социјалните мрежи со нови летни фотографии.

На новите објави Миа позира во елегантен костим за капење, во кој го покажа своето атрактивно и негувано тело и ја пренесе својата безгрижна летна енергија, а бакнежот, сонцето и плажата доминираат во кадарот.

На својата Инстаграм приказна, Миа сподели моменти од одморот и им го привлече вниманието на следбениците покажувајки им колку е среќна на плажата .

Иако во објавата се гледа колку ужива на морето, таа со шеговита нота напиша дека ѝ недостасува зимата: „Едвај чекам да дојде зима, да бордаме и да седиме до камин со снегче.“

Сепак, додаде и смајли што плаче од смеење, што јасно покажува дека само се шегува, бидејќи Миа е позната по тоа што го обожава летото.

Следбениците не останаа рамнодушни па веројатно нејзиното сандуче се наполнило со комплименти за нејзиниот изглед и прашања за совети за летен одмор со сонце и позитивни вибрации токму каков што има Миа.
Foto: print screen/Instagram/miandrija






