Радио Милева преплашена мајка

На синот на Вики Миљковиќ му откажале нозете: „Тие моменти беа страшни“ (фото)

На синот на Вики Миљковиќ му откажале нозете: „Тие моменти беа страшни“ (фото)

Пејачката Вики Миљковиќ еднаш раскажа колку се исплашила кога на нејзиниот наследник му се вкочаниле нозете, а тој во еден момент не можел да оди.

Сето тоа се случило пред неколку години кога на Андреј му се слошило, а пејачката за тоа зборувала дури подоцна за медиумите.

– Андреј неколку дена имаше температура од која не можевме да се ослободиме ниту со сирупи, ниту со купки, ниту со облоги од ракија. Ниту еден официјален или народен лек не помогна. Отидовме на лекар, направивме тестови на крвта и тоа траеше неколку дена, а потоа температурата падна и тоа беше првата ноќ кога Андреј спиеше нормално.

– Токму кога помислив дека се е готово, ме разбуди неговиот плач: стенкаше како не може да стане на нозе. Тие моменти беа страшни, не се повторија“, изјави Вики.

На момчето му биле дијагностицирани грчеви во мускулите, а тоа се должи на вирус кој „подивеел“ во неговото тело.

Сепак, наследникот на пејачката на крајот се опорави и се беше во ред, а пејачката се уште се сеќава на немилиот настан, кој навистина ја преплаши, со грутка во грлото.

фото:Instagram printscreen/viki_miljkovic

To top