Радио Милева поблиску до врвот

На пат кон уште една макдонска победа во „Ѕвездите на Гранд“: Цеца во домашно видео од подготовките со велешанецот Иван Милевски (видео)

На пат кон уште една макдонска победа во „Ѕвездите на Гранд“: Цеца во домашно видео од подготовките со велешанецот Иван Милевски (видео)

Ако минатата сезона уште на старт не им се допадна на поединци кои веќе не се дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, оваа сезона велешанецот Иван Милевски апсолутно го покори жирито.

Во својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“, македонскиот кандидат Иван Милевски успешно се пласираше во четвртфиналето на натпреварот.

Талентираниот велешанец успешно се позиционираше во завршните, елиминациски кругови кои водат кон големото финале под менторство на Цеца Ражнатовиќ која секогаш е наклонета кон своите македонски натпреварувачи, а овој пат тоа е Иван.

Со константните силни настапи и дуели, Иван важи за еден од главните македонски фаворити за влез во самата завршница на шоуто, каде што се очекува да ја има поддршката од публиката преку СМС гласови.

Дека наголемо се работи во домашното студио на големата балканска ѕвезда Цеца, Иван покажа од едно видео каде се подготвуваат за неговиот настап од изданието кое вреќе го погледневме, а ја пеат заедно „Ој моја ружо румена“ од Шабан Шаулиќ.

Големото финале на актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ (2025/2026) се очекува да се одржи на почетокот на јули 2026 година, со оглед на тоа што во моментов (почетокот на јуни) натпреварувањето е стигнато до завршните елиминациски кругови и четвртфиналните фази.

За потсетување, во финалето на претходната сезона од 2025 година, победник беше македонскиот претставник Никола Станишиќ од Скопје, кој исто така беше под менторство на Цеца Ражнатовиќ.

фото: You tube printscreen/Zvezde Granda/ Instagram printscreen/ milevskivan

To top