Радио Милева Спасот е најден!

На Марјана Станојковска не и лесно, па помисли да биде сам свој дизајнер на удобноста

На Марјана Станојковска не и лесно, па помисли да биде сам свој дизајнер на удобноста

ТВ водителката Марјана Станојковска не може глава да крене од работа, што како инфлуенсерка, што како водителка.

Доказ дека тоа е така,  доволно говори нејзиниот Инстаграм профил каде речиси комплетно е полн со објави каде таа промовира, рекламира и сугерира за брендови од разни категории, од преперати за коса, лице, бутици, оптики, салони за убавина, ма што ли уште не.

За Марјана слободно може да се каже дека е една од најбараните македонски инфлуенсерки која на големо печали од овој вид на модерно рекламирање преку социјалните мрежи.

Арно ама, за толку работа треба и „квалитетно наполнети батерии“, одмор, удобност, а Марјанчето речиси секој ден, секаде и секогаш е во високи потпетици кои знаат да бидат ужасно напорни и тешки, особено ако си цел ден на нив.

Марјана очигледно тоа добро го знае и го искусува, па откако налета на едно „reels“ видео на Инстаграм се пронајде во истото.

Наедно, таа виде високи потпетици кои се трансформираат во ниски чевли кога и да посакаш, па истите ги посака за себе.

Остана уште само да ги нарача и купи или да ги добие на подарок за да ги рекламира.

Како и да е… Спасот е најден!

фото:Instagram printscreen/marjanamay

To top