Радио Милева

На концертот на Ацо Пејовиќ момче ја запроси својата девојка, а реакцијата на пејачот ги насмеа сите (видео) 

На концертот на Ацо Пејовиќ момче ја запроси својата девојка, а реакцијата на пејачот ги насмеа сите (видео) 

Фолкерот Ацо Пејовиќ не го криеше задоволството што младиот човек реши да ја запроси девојката на неговиот концерт.

Имено, пејачот настапил во салата Зрењанин, а во еден момент решил да покани млад човек од публиката да му се придружи на сцената.

– Кога станува збор за вакви работи, секогаш е убаво – рече Ацо, а потоа му го даде на момчето микрофонот.

– Сакав да прашам дали имаш некој кому му должиш се во животот? Дозволете ми да поканам една девојка на сцената – започна момчето, а Пејовиќ помогна се да изгледа како што треба.

– Девојче, дојди, те молам – рекол Ацо, а штом девојката се качила на бината, типот клекнал пред неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio Televizija Santos (@rtvsantos)

– Дали сакаш да се омажиш за мене? – праша тој пред сите, на што таа сигурно рече: „Да“.

Ацо не криеше колку го трогна оваа сцена, а ова видео е објавено на Инстаграм страната на една телевизија од Зрењанин.

– Може ли да добиеме аплауз, брат? Види, види, рацете се тресат, па не е ова секој ден! Да  сте живи и здрави, да сте среќни драги луѓе. Секаде каде што има вакви работи, тоа е тоа. Ти си прекрасен! Добро сторено! Честитки – заврши Пејовиќ, а потоа продолжи со концертот.

фото: printskrin/instgaram/rtvsantos/aco_pejovic__fan_page__

To top