На писателката Фросина Пармаковска вечер свечено ќе ѝ биде доделена наградата „Пегаз“ за 2025 година, за нејзиниот роман „Кривата Дијана“ кој победи на конкурсот организиран од издавачката куќа „Арс Ламина“.
На настанот ќе биде промовиран и наградениот роман и ќе го претстават Иван Додовски (професор, писател, книжевен и театарски критичар) и Бисера Бендевска (уредничка во „Арс Ламина“), кои беа дел од жири-комисијата.
На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, која „Арс Ламина“ ја доделува во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнале 45 ракописи. За победникот одлучувало тричлено стручно жири во кое, покрај Додовски и Бендевска, членувала и професорката Соња Стојменска-Елзесер.

Во најтесниот избор биле разгледани и романите: „Пацер“ од Коста Бојчески, „Изгубени низ дупки во џебовите“ од Ники Борас и „Солдат 1882“ од Добре Тодоровски.
фото: printcsreen/Арс ламина






