Пејачка Мартија Станојковиќ вчера, 07 април 2024 година, наполни 20 години.
Таа по тој повод позираше специјално за следбениците на социјалната мрежа Инстаграм, а сподели и дел од славеничката атмосверата и моментот кога ги дувнала свеќичките замислувјќи си желба.
На белата тортата со црна панделка, пејачката нареди точно 20 свеќички, а на англиски јазик пишуваше: Среќен роденден Мартија 20!
Додека пак на кратката приказна на споменатата мрежа младата Мартија задоволно кажа „Добредојдовте дваесетти“ во друштво на другарките.
Секако не беше само во нивно друштво, пејачката неодамна се отвори пред обожавателите преку Инстагарам прашања, и веќе им откри дека на љубовен план е зафатена… А сега се одлучи да го открие и идентитетот на момчето со кој заедно направиле селфи со голем букет во огледалото од лифтот.
Мартија приватниот живот го чуваше далеку од очите на јавноста, освен авантурата со фудбалерот Чурлинов, но по роденденот се охрабри и реши да сподели дел од моментите кои ја прават среќна.
За јубилејот кој го славеше, честитки дојдоа од сите страни и таа им се заблагодари на сите.
Фото: printskrin/instagram/martijastanojkovic