Радио Милева сингл или (за)фатена...?

Мартија „ептен се отвори“ пред следбениците на Инстаграм, па дури го откри и љубовниот статус: „Седи не ме знаеш“… (фото) 

Мартија „ептен се отвори“ пред следбениците на Инстаграм, па дури го откри и љубовниот статус: „Седи не ме знаеш“…  (фото) 

Маладата пејачка, кумановката Мартија Станојковиќ се отвори пред следбениците и реши да одвои време за да им одговори на следбениците на сите прашања и се’ што би сакале да  знаат за неа, а е  поврзано со приватниот живот.

Мартија со лични фотографии  и одговори  се трудеше да ги задоволи следбениците кои навалија со разни прашања на кои таа бидејќи им вети, не можеше да премолчи.

Па самоиницијативно на краткото прашање „Како си“ откри  дека веќе  се подготвува за 20 – тиот роденден.

Потоа ја откри нејзината висина и тежина,  за која кажа дека е 160см/51 кг, а во описот додаде дека тоа е така благодарение на пилатес вежбите и исхраната кон која се придржува занемарувајќи ги годините…

Освен прашањата таа доби и комплимент :

„Душата и убавината е ретка но кај теба ја има“  – беа зборовите на еден нејзин обожавател, а нејзиниот одговор беше сличен на познатат изрека „седи не ме знаеш“.

„Не ме познаваш затоа така мислиш“  – се пошегува таа.

 

Но, затоа тука е „Инстаграм“ за подобро и полесно да ја запознаат дека е прекрасна и фина личност.

А дека е од „фините“, покажа и на дело поточно во кујната правејќи фина салата.

„Дали си добра во кујната“ :

„Фини салати правам“  – им обелодени шармантната кумановка.

Што се однесува до емотивната приватнос, пејачката откри дека и на љубовен план таа веќе е зафатена… Но, само со сликичка од дождливо селфи како одраз во стаклото, без да го открива идентитетот и името на момчето.

Ама затоа беше искрена и конкретна: „Зафатена“   – директна беше Мартија, со што можеби и разочара многумина што тајно се надеваа дека одблизу ќе ја запознаат, па… Вака, можат само да се сликаат… За селфи!

Фото: printskrin/instgaram/martijastanojkovic

To top