Радио Милева врти нов лист

Мина Костиќ ја прекина соработката со менаџерот – Каспер ја превзема таа улога

Мина Костиќ ја прекина соработката со менаџерот – Каспер ја превзема таа улога

Пејачката Мина Костиќ и нејзиното момче Мане Ќурувија, познат како Каспер, решија да направат голема промена во нејзината кариера. Мане, со кого Мина планира да се омажи, даде официјална изјава во која откри дека пејачката врти нов лист.

Како што напиша Каспер, Мина ја прекинува соработката со своите претходни посредници и не сака да биде дел од „естрадните кланови“.

– Мина никогаш не припаѓала и никогаш нема да припаѓа на ниедно естрадно јато. Таа отсекогаш била своја личност и ќе остане таква. Заеднички одлучивме дека таа не е пејачка која би била врзана за еден менаџер или продуцентска куќа. Мина е една од оние пејачки кои пеат за луѓето, исклучиво за луѓето, а не за индустријата – напиша тој.

Покрај оваа радикална промена, Мане им стави до знаење на сопствениците на клубовите и на јавноста дека сега  тој ќе игра клучна улога во комуникацијата за нејзините настапи.

– Мојата задача е оваа страница што ја водам да биде првото и единствено место каде што можете да резервирате нејзини настапи без посредници – рече Каспер, кој првпат се заполнал со Мина во 2013 година.

Foto: Foto: Printscreen/Instagram/minakostic_official

To top