Македонската ТВ водителка и последниве години можеби и најпозната македонска инфлуенсерка Миа Костова, покрај сето останато е и мајка. Тое е оддамна познато, зашто нејзиниот син Андрија сега веќе порасна во големо 12 годишно момче.
Но, она што е помалку или сосема е непознато е како тоа мама Миа се справувала со сите предизвици што ги носи мајчинството, од породувањето, па се’ до денес кога нејзиниот син е на пат да стане вистинско мажиште. Особено што русокосата важи за самохрана мајка, која своето дете го чува, подига и воспитува самата.
Патот на секој родител, особено секоја мајка е тежок и бара многу себевложување и уште повеќе жртви и откажувања, но на крај ако Бог даде и се биде в ред, резултатот и тоа како се исплати. Не во пари, туку во среќа, радост и гордост… А има ли нешто поголемо од тие возвишени чувства?
За тоа како се справувала и се’ уште се справува со сите предизвици, од пелени до компјутери и видео игри, Миа Костова отвори душа па и самата раскажа некои многу важни детали. Туѓото искуство некому може да му биде многу полезно, зашто… и таа некогаш чувала бебе.
Но, мајка не е мајка само кога си бебе или малечко детенце, мајката е мајка цел живот. Сепак, кога си најмал, тогаш сигурно ти е најпотребна.
А пред неа и нејзиниот син Андрија претстојат уште долги години и во нив многу нови предизвици.
Некои веќе се тука и траат, едни заминуваат, додека други надоааѓаат… И се’ така до бескрај, додека сме живи. Зтао Миа таман помисли дека кажала се’, се сети дека има уште, па го додаде уште ова…
И колку и да кажува, монологот нема крај… Зашто мајчинската грижа е бескрајна и трае довека. Како и љубовта кон своето чедо, какво и колкаво и да е… А, Миа Костова како и секоја вистинска мајка, тоа добро го знае!
Фото: Инстаграм/miandrija