Мегафон бендот загуби уште еден член

Меѓу починатите е и директорот  на Центарот за Култура во Штип и клавијатурист во бендот на ДНК, Филип Стевановски: Ова е Последната снимка од загинатите Стевановски и тапанарот Ѓоргиев непосредно пред трагедијата (ВИДЕО)

Меѓу починатите е и директорот  на Центарот за Култура во Штип и клавијатурист во бендот на ДНК, Филип Стевановски: Ова е Последната снимка од загинатите  Стевановски и тапанарот Ѓоргиев  непосредно пред трагедијата (ВИДЕО)

Во  страотниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани почина тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев како и клавијатуристот и директор  на Центарот за Култура во Штип, Филип Стевановски.

Веста дека Стевановски е можеби меѓу загинатите се прошири утрово откако граѓаните забележаа дека до дискотеката бил паркиран неговиот џип, а тој бил исчезнат.

Стевановски е добро познат во музичкиот свет во земјава. Своето музичко образование Стевановски како пијанист и тромбонист го стекнал во Македонија, а неколку години се доусовршувал и во САД. Завршил два факултета, џез и класична музика и беше магистар по џез студии.

На почетокот на годинава дојде на функција в.д. директор на Центарот за култура Ацо Шопов во Штип, а пред тоа беше професор по средното штипско музичко училиште.

 

Беше главен продуцент на детскиот музички фестивал Весело штурче. Има издадено албуми со џез музика и настапуваше на повеќе фестивали.

За жал, сомнежите се покажаа како трагични, па меѓу 59 починатите лица се најде и името на Филип Стевановски кој свиреше клавијатури во придружниот бенд на ДНК.

Токму последната заедничка снимка на двајцата музичари, починатиот тапанар и клавијатуристот и директор на  Центарот за Култура во Штип осамна на Instagram  приказните на тапанарот, а истата била направена непосредно пред почетокот на концертот и подоцна големата трагедија во која згаснаа и нивните млади животи.

To top