Пејачката Маја Беровиќ проговори за предавствата што ги доживеала од најблиските пријатели и соработници, но и за нејзиниот син Лав.
Маја Беровиќ настапувала во еден клуб, па проговорила за кариерата и соработниците, но и за тоа колку се радува на настапите.

– Навистина многу се радувам. Следната година се 20 години од почетокот на мојата кариера, би било убаво тоа да се одбележи. Сè помина многу брзо, не е малку, не можам да поверувам, но ништо не би менувала, никогаш не сакав да се откажам. Бев борец, ја сакам својата работа, кога човек нешто сака, тогаш нема ни помисла да се откаже. Некогаш ти е потешко, некогаш полесно, но од она што го сакам не се откажувам. Опкружувањето е важно и во животот и во работата. Изборот на соработници е многу важен, треба да избирате луѓе кои си ја знаат работата и кои вистински ве чувствуваат – рекла Маја, која признала дека безброј пати била издадена од пријатели и соработници.

– Ме повредуваа и пријатели и соработници, тука нема правила. Никој што ќе се оддалечи од вас, не го прави тоа без причина. Некои луѓе доаѓаат, поминуваат, а некои остануваат. Важно е што мојот сопруг остана. Која е предноста кога млад ќе се омажиш? Јас имав среќа што ја најдов вистинската личност, имав таква среќа. Понекогаш си велам: „Посреќна си отколку што си тешка“ – рекла Маја Беровиќ.

Таа се присетила и на покојната Марина Туцаковиќ, чија годишнина од смртта наскоро се наближува.
– Марина Туцаковиќ ја паметам како врвна жена, многу ја сакав. Таа знаеше да напише безвременски хитови, ќе живее засекогаш во сите нас – рекла таа.
Маја Беровиќ во оваа прилика открила и кој се грижи за нејзиниот син Лав додека таа е на настапи.

– За моето дете се грижи наша долгогодишна пријателка. Таа е дел од нашето семејство и живее со нас. Таа ни е како четврти член на семејството, во нашиот дом е 24 часа. Среќна сум што ја имам – рекла пејачката, за тамошните медиуми.
Фото: printscreen/instgaram/mayaberovicofficial






