За време на новогодишната ноќ Белград беше полн со странски туристи, но покрај радост и добра забава имаше и такви кои прославата ја претворија во вистинска ноќна мора.
Во престижен белградски хотел сред рецепција настанал вистински хаос.
Сведоците тврдат дека се започнало во моментот кога Милица го изведувала својот хит „Луда за тобом“, песна на Лепа Брена.
Според неофицијални информации, членовите на најбогатото ромско семејство, кои дошле од странство да ја дочекаат Новата година во Белград, направиле тотален метеж.
Откако персоналот на хотелот им прекорил дека користеле наркотици на масата, настанала масовна тепачка.
Гостите почнаа да ги демолираат просториите на хотелот, тепајќи ги сите пред себе, а Милица Павловиќ сето тоа го следеше од бината.
Во тој момент се излезе од контрола. Гостите почнаа да се судираат, а атмосферата набрзо стана хаотична. Многумина во паничен страв се обиделе да побегнат од хотелот, додека дел од гостите буквално избегале низ прозорците.
Novi snimak tuče u Crown Plazi pic.twitter.com/FRBe8OCyS4
— larakorft (@larakorft1) January 2, 2025
фото: printscreen/Instagram/Х