Мегафон јубилеј

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Со концертот насловен „80 години – Љубов“, денеска, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го прослави својот јубилеј – осумдесет години од формирањето. На програмата е светска премиера на „Куклици“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и Концерт за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ и монументалната Симфонија бр. 1 – „Титан“ од Густав Малер.

„Како солист ќе настапи нашиот пијанист со блескава интернационална кариера – Симон Трпчески, а концертот ќе го води шеф-диригентот на Македонска филхармонија – маестро Јерухам Шаровски од Израел“ – информираат од Македонска филхармонија.

To top