Радио Милева без заборав

Маката ја натера Снежана Ѓуришиќ да проговори за синот: Лекарите кажале дека има само еден процент шанса да преживее (фото)

Маката ја натера Снежана Ѓуришиќ да проговори за синот: Лекарите кажале дека има само еден процент шанса да преживее (фото)

Синот на Снежана Ѓуришиќ има турбулентно минато, а веројатно ќе биде проблематична и неговата сегашност.

Марко Гвозденовиќ своевремено за тамошните медиуми зборуваше за лошиот однос со мајка си, за проблемот со алкохолот и другите пороци, а во меѓувреме се пишуваше за семејно насилство за кое го пријавила неговата сопруга.

Сето горенаведено наводно е резултат на страшна грешка, што е мислењето на стручњаците со кои синот на Снежана Ѓуришиќ во минатото се сретнал на пат кон закрепнување.

Имено, Марко како многу млад доживеал сообраќајна несреќа во која настрадала неговата тогашна девојка.

Завршил во болница каде лекарите се бореле за неговиот живот, а според приказната на Снежана која со денови останала покрај неговиот кревет и се молела, имал само 1 процент шанса да преживее.

– Кога мојот син беше во кревет, со часови размислував зошто ни се случува ова. Многу тешко го донесов тој настан, но и ме закоравил. Лекарите ми рекоа дека мојот син има 1 процент шанса да преживее, но јас бев убедена дека ќе остане жив, дури и додека го гледав на апаратите – ја започна својата приказна Снежана и додаде:

– Не знам дали тоа беше резултат на моите надежи или интуиција. Фала му на Бога, се извлече, иако знам дека тој настан ќе ме следи додека сум жива. Секој што има семејство може да погоди како јас го поднесувам тоа, а секој муабет на таа тема целосно ме депримира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snezana.Djurisic (@snezana.djurisic_)

-Кога се’ заврши заклучив дека сум посилна од се’ и дека се уште сме среќни затоа што заедно сме живи и здрави.

Снежана на крајот од интервјуто го истакна она што сите го знаат, а тоа е дека нејзиниот син се уште не си се вратил на себе по страшната несреќа, иако во меѓувреме се ожени и има две деца, не може да ја заборави грешката што ја направил и бара излез од погрешните места.

– Силно се сомневам дека денес мојот син се вратил во својот живот, мислам дека се уште не се вратил. Тоа беа ужасни денови за нашето семејство, особено за семејството кое го загуби своето дете Јелена. Затоа апелирам до сите да не возат ако пиеле и да не седат во кола со некој што пиел. Тоа се најтешките моменти во мојот живот – заклучила таа.

фото:Instagram printscreeen/ You Tube/ snezana.djurisic_

To top