По неверојатно турбулентен период зад себе, популарната пејачка Милица Тодоровиќ пронајде мир и засолниште во кругот на оние кои најмногу ја сакаат. Нејзината мајка Јасмина потврди дека нејзиното семејство е нејзината најголема поддршка и ветер на грбот, и сподели емотивен момент на социјалните мрежи.
Јасмина објави прекрасна фотографија на која Милица го држи својот син Богдан в раце, а заедно со неа напиша зборови кои сведочат за нераскинлива семејна љубов. Оттука, тргнаа и бројните коментари од типот на „преслатки“ и разни симболи.
„Моето Сонце, Месечина и Ѕвезди“, напиша гордата мајка и баба, давајќи им до знаење на сите дека нејзината ќерка и внук се центарот на светот.

Емотивната објава доаѓа во време кога јавноста зборува за притисоците со кои се соочуваaт познатите. Шокантни детали за тоа низ што минуваат музичките ѕвезди неодамна се појавија во медиумите, каде што се наведува дека наводно Милица Тодоровиќ и Рада Манојловиќ биле на лекови, додека Слоба Васиќ и Мина Костиќ завршиле на психијатрија.
„Ретко кој е свесен што го чека“, коментираат оние кои се запознаени со настаните од шоу- бизнисот, нагласувајќи го огромниот психолошки товар што го носи славата со себе.
фото:Instagram printscreen/milicatodorovicofficial





