Од крајот на месец мај пролетта квалитетно „загази“ со повисоки температури, исто како да дојде летото. А кога е така топло на сите првата мисла ни е една – плажа, море, езеро!
Со споените празничн викенди, како по правило, многумина решија да имаат мини одмор во сопствена режија, а со тоа да направат бегство на југ и да се распостелат покрај морето под сончевиот зрак собирајќи витамин Д.
Една од нив беше и пејачката Маја Гроздановска Панчева која речиси редовно во овој период од годината решава меѓу првите да ја отвори сезоната.

За 1-ви Мај не и се погоди за разголување и влегување во море, па мораше да носи и јакна, ама сега дојде ред да го сефтоса и морето.
А тоа, така сино – тиркизно, предизвикувачко и повикувачко за прво капење во свежа вода.

Маја влезе само во плиткото, чисто да ја проба водата, а да направи и еден фото- кадар за албум од море пролет- лето 2026-то.
Пејачката и сопруга на легендарниот Дарко Панчев, веќе ја гази шестата животна деценија, ама тоа на нејзината извајана фигура нема никакви знаци. Таа неодамна го прослави својот 53-ти роденден.
Вита, згодна, самоуверена и секси во црно бикини како совршен контраст на морското синило.
фото:Instagram printscreen/grozdanovskapancheva





