Мадона наводно ги оценувала своите момчиња врз основа на еден малку необичен критериум – распоредот на бањата.
Кралицата на поп-музиката признала дека во текот на 1980-тите, кога била дел од њујоршката клупска сцена, ги прашувала потенцијалните партнери дали имаат када и туш што може да ги користи. „Се забавував со момци врз основа на тоа дали имаат када и туш што можам да ги користам“, рече 67-годишната Мадона низ смеа за време на гостувањето во емисијата „Rent Free“.
„Би прашала: „Добро, каде живееш?“ и тие би рекле: „На Горниот Вест Сајд.“ И јас би рекла: „Дали имаш када?“ Тоа беше голем плус за мене.“
View this post on Instagram
Сепак, тоа не била единствената „предност“ што поп-ѕвездата ја барала кај мажите со кои излегувала. „Ќе одев во куќата на момчето или потенцијалното момче и едноставно ќе се бањав или ќе се истуширав“, објасни Мадона со смеа. „И ќе јадев храна од неговата мајка!“
Седумкратната добитничка на Греми има импресивен список на партнери зад себе, вклучувајќи ги Тупак Шакур, Ворен Бити и поранешниот сопруг Гај Ричи, со кого ги има синовите Рок (25) и Дејвид Банда (20). Пејачката е и мајка на ќерката Лурдес (29), која ја доби со Карлос Леон, како и Мерси (20) и близначките Стела и Естер (13).
foto: printscreen/instgaram/madonna






