Јутјуберката Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се во брак пет години, период во кој добија две ќерки – Миа и Лана. Тие се трудат да ја одржат страста и да ја негуваат својата врска, а сега покажаа како уживаат во викенд-патување.

Луна и Марко овој пат отидоа во луксузен хотел, од каде што споделија видео на социјалните мрежи.

Разменуваа нежности и се прегрнуваа во џакузито, а подоцна во водата им се придружија и нивните мали ќерки.
View this post on Instagram
Луна еднаш истакна дека не носи маска пред Марко.
„Мојот партнер го видел целото мое тело и душа. Ме видел без шминка, ме видел додека плачам, го видел моето грдо смеење. Ме видел со разбушавена коса, неисполнета и запознаен е со најчудните страни на мојата личност. Ги видел моите стрии и сите мои несовршености. Го видел и моето најлошо однесување, но сепак остана покрај мене и ме сака колку што може. Во оваа генерација да имаш таков партнер е најголем благослов од Бога“, напишала таа тогаш.
Foto: print screen/Instagram/luna_djogani





