Додека љубителите на Формула 1 зборуваа за историската победа на Кими Антонели, социјалните мрежи беа преплавени со снимките од Луис Хамилтон и Ким Кардашијан.
По завршувањето на Големата награда на Монако, камерите го уловија моментот кога седумкратниот светски шампион од подиумот испрати бакнеж кон својата партнерка, додека таа насмеана го снимаше со мобилниот телефон.
View this post on Instagram
Но романтиката не заврши тука.
За време на традиционалното славење со шампањ, Хамилтон реши малку да се пошегува со Ким и ја испрска со шампањ пред очите на присутните. Нејзиното обезбедување се обиде да ја заштити со чадор, но без многу успех. Неколку секунди подоцна, славната старлета веќе беше целосно мокра, а фотографиите веднаш го преплавија интернетот.

Според американските медиуми, Ким била видно изненадена од потегот на Хамилтон, но целата ситуација ја прифатила со насмевка.
Од првите гласини за романса до заедничките појавувања во јавноста, Ким Кардашијан и Луис Хамилтон со месеци го привлекуваат вниманието на светските медиуми.
Иако се познаваат повеќе од една деценија и заедно присуствуваа на бројни јавни настани уште од 2014 година, гласините за романтична врска се појавија дури во февруари годинава, кога беа забележани на романтична средба во Париз.

Само еден месец подоцна, Хамилтон привлече внимание со флертувачки коментар под фотографија на Ким на Инстаграм, а американските медиуми потоа објавија дека двајцата заедно престојувале во Токио.
Според магазинот PEOPLE, Хамилтон веќе поминал време и со четирите деца на Ким Кардашијан – Норт, Сеинт, Чикаго и Псалм, што според извори блиски до ријалити ѕвездата е знак на голема доверба.
„Ким е многу внимателна кога станува збор за луѓето што ги пушта во близина на своите деца. Фактот што Луис веќе поминува време со нив покажува колку му верува“, изјавил извор близок до семејството.

Пред само неколку дена Ким дополнително ја разгоре љубопитноста на обожавателите кога објави ретка фотографија од нивното заедничко дружење. На една од фотографиите се гледа како Хамилтон прави селфи додека двајцата возат велосипеди, а Ким со насмевка подоцна призна дека била преплашена додека се обидувала да го следи низ улиците.
Токму затоа бакнежот од подиумот и шампањското славје во Монако многумина го протолкуваа како уште една потврда дека нивната врска станува сè посериозна.






