Живот и стил

Луѓето над 50 години треба да ја прават оваа вежба за истегнување секој ден (видео)

Луѓето над 50 години треба да ја прават оваа вежба за истегнување секој ден (видео)

Повеќето возрасни поминуваат многу време во свиткана положба. Многумина се во погрешна положба додека седат на работа, додека ги користат телефоните или додека бозат автомобил. Иако во тој момент не изгледа како проблем, на долг рок последиците ќе се почувствуваат на телото.

Поради овие навики, многу луѓе во педесеттите почнуваат да чувствуваат болка и да имаат лошо држење на телото, а кај некои овие симптоми може да се појават и порано. Физиотерапевт и тренер, д-р Шон Вајс, истакнува дека не е невообичаено да се забележи дека е потешко да се одржи правилното држење по 50-тата година од животот.

„Како што почнуваме да покажуваме поголема заобленост на рамената и положбата на главата напред, мускулите во градите стануваат затегнати. Како резултат на тоа, кога не стоиме исправено, ја губиме способноста целосно да ги прошириме белите дробови и максимално да разменуваме воздух во бели дробови Со други зборови, лошото држење го отежнува и правилното дишење“, објаснува Вајс.

Една вежба за истегнување може да помогне
Физиотерапевтот издвоил една едноставна вежба за истегнување која може да помогне при овие тегоби. Тоа е истегнување познато како „Doorway Stretch“, а овие едноставни чекори кои ќе ви помогнат успешно да се истегнете. Погледнете ја вежбата:

Вајс препорачува да го правите ова истегнување неколку пати во текот на денот.

„Препорачувам да го правите ова истегнување еден до три пати на ден“, истакнува тој, додавајќи дека тоа може да помогне да се намалат болките во вратот, грбот и главоболките.

фото:Freepik

извор:tocka.kom.mk

To top