Потребно е:
5 компири
4 јајца
200 гр шунка
300 гр сирење
2 чаши кисела павлака
100 гр мајонез
Подготовка:
Сварете ги компирите во лушпата, изладете ги и излупете ги.
Сварете ги јајцата, а потоа изладете ги и излупете ги.
Направете го преливот за салата: измешајте павлака и мајонез, а потоа посолете по вкус.
Распоредете го преливот на дното на проѕирен сад.
Компирите изрендајте ги, па премачкајте ги со преливот.
Одозгора изрендајте ја шунката и покријте ја со прелив.
Вареното јајце изрендајте го, па ставете го преливот.
Одозгора изрендајте сирење. Повторете го процесот.
Одозгора изрендајте го преостанатото сирење.
фото:Freepik