Од девојче со соништа, до претставничка на Македонија на „Miss Universe“ – Теа Ѓоргиевска е доказ дека сè е возможно кога веруваш во себе. По нејзината победа на првиот официјален избор за „Мис Македонија“, Теа патуваше, снимаше, учеше, се менуваше, и пред сè – се изгради како личност.

Со неа разговаравме искрено за целото искуство и за тоа зошто секоја девојка која има сон, треба да го направи првиот чекор и да се пријави.
– Што ти донесе титулата Мис Македонија 2024?
На кратко – ми го смени животот. Не само поради патувањето и учеството на Miss Universe, туку и затоа што за првпат верував во себе на начин на кој не сум ни знаела дека е возможно. Научив да одам со исправена глава, да зборувам пред публика, да се грижам за себе и да бидам свој човек.
– Кој момент никогаш нема да го заборавиш?
Подготовките во Скопје и финалната вечер во МОБ беа магични, но најмногу ме допре патувањето во Мексико. Таму сфатив колку е важно да ја претставуваш својата земја со гордост. Секој детаљ..од фустаните што ги носев, до интервјуата за странските медиуми, беше дел од приказната што ја кажував за Македонија.
– Што ќе им порачаш на девојките кои мислат „не сум јас за ова“?
И јас го мислев истото. Мислев дека треба да си совршена, да си манекенка, да имаш искуство. А всушност – треба само да си подготвена да се трудиш, да учиш и да растеш. Никој не се родил подготвен. „Мис Македонија“ е платформа за да станеш најдобрата верзија од себе.

– Како изгледа процесот на подготовка?
Интензивен, но многу убав. Имавме фотосесии, интервјуа, модни совети, вежби за говор, хуманитарни активности, па дури и посета на Охрид. Не беше само натпревар – беше школа за живот. А најубаво од сè беше пријателството меѓу нас девојките.
– Кој е твојот совет за идната Мис Македонија?
Да не се плаши да биде своја. Да слуша, да учи, но никогаш да не се откажува од она што ја прави уникатна. Убавината е многу повеќе од изглед – таа е енергија, став и храброст.
– А за оние кои се двоумат дали да се пријават?
Само пријавете се! Без размислување. Тоа е првиот чекор кон нешто многу поголемо. И не само што ќе добиете нови искуства, туку ќе добиете и нова верзија од себе.

Пријавувањето за „Мис Македонија 2025“ е во тек и трае до 1 септември. Сите девојки кои имаат храброст, страст и љубов кон себе и својата земја – ова е вашата шанса!
Повеќе информации и формулар за пријавување ќе најдете на официјалниот веб сајт.
Foto: printscreen/BojanStoilkovski &Dzole/Instgaram/teaaagj







