Петар Саркањац, композитор дипломиран на Беркли во Бостон, Масачусец, својот деби албум Conference of Grammars ќе го промовира со концертна промоција со пејачи и гудачки квинтет во Сули Ан на 21 јуни во 20:00 часот.
Билетите можат да се купат тука или на самиот влез (200 е капацитет во Сули Ан, така што ќе важи принципот прв дојден, прв услужен). Вокалистите се изненадување а гудачкиот квинтет се состоа од мешани членови од Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.
Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за гудачки квинтет.
Првиот сингл од албумот ќе излезе на 15 јуни, а на него гостува македонската пејачка Андријана Јаневска.






