Колку калории треба да внесете дневно зависи од неколку фактори, како што се возраста, полот, телесната тежина и физичката активност.
Жени
На жените на возраст од 19 до 30 години вообичаено име се потребни 1.800 до 2.400 калории дневно, додека оние жени на возраст од 31 до 59 години вообичаено имаат потреба од 1.600 до 2.200 калории дневно, пишува „Health“.
Потребата за калории опаѓа со стареењето, поради намалувањето на базалниот метаболизам (BMR) којшто се однесува на калориите коишто човекот ги согорува додека мирува. Жените коишто имаат пониска висина и оние коишто се помалку физички активни потребни им се помалку калории, а од друга страна жените коишто се повисоки и коишто се физички активни имаат потреба од поголем број на калории доколку сакаат да ја одржат својата телесна тежина.
Мажи
Поголем дел од мажите на возраст од 19 до 30 години имаат дневна потреба од 2.400 до 3.000 калории, додека калориските потреби на мажите од 31 до 59 години вообичаено се движат од 2.200 до 3.000 калории дневно.
Исто како и жените, и пониските мажи како и помалку физички активните имаат потреба од помал број на калории за одржување на нивната телесна тежина во споредба со повисоките и повеќе физички активните мажи.
Старите лица – возрасните лица постари од 60 години вообичаено имаат потреба од помал број на калории во споредба со помладите.
Деца
На децата и адолесцентите дневно им е потребен адекватен внес на калории за поддршка на нивниот оптимален раст и развој. Адолесцентите честопати имаат поголеми енергетски потреби од возрасните. Претпоставените енергетски потреби се движат од 1.000 до 3.200 калории дневно во зависност од возраста и полот.
Меѓутоа момчињата вообичаено имаат поголеми потреби за калории отколку девојчињата, а истражувањата покажуваат дека адолесцентите – спортисти коишто тренираат исцрпувачки спортови можат да имаат дневна потреба од дури 5.000 калории.
Бремени жени
На телото на бремените жени им е потребна поголема енергија и калории за да се поддржи растот на фетусот. Зголемената потреба од калории започнува во второто тримесечје, додека пак во првото тримесечје калориските потреби на бремената жена се исти како и пред бременоста.
фото:Freepik
извор:точка