Редовното консумирање јајца го намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест.
Јајцата содржат холин, лутеин и зеаксантин. Овие супстанции ја поддржуваат меморијата и учењето и го спречуваат оксидативниот стрес.
Истражувачите пронајдоа врска помеѓу фреквенцијата на консумирање јајца и веројатноста за деменција. Луѓето кои јаделе јајца неколку пати месечно имале намален ризик за 17%. Зголемувањето на консумирањето јајца на неколку пати неделно го намалило ризикот за 20%, а со речиси секојдневно консумирање, ризикот се намалил за 27%.
Јајцата се хранлива храна, која обезбедува протеини, здрави масти, лецитин и витамини А, Д и Е. Тие најдобро се комбинираат со зеленчук и леб од цело зрно.
извор:нетпрес
фото:Freepik







