Кога џебот ти е длабок, а и сам можеш да си го организираш времето за работа, тогаш годишното време и она за одмор не е воопшто важно.
Така функционира нашата позната и актуелна фолк пејачка Сузана Гавазова. Одморите во топлите краишта и започнаа ушет од стартот на годината со Тајлад и Дубаи, па сега во лето не и се знае одмор кој тера по број.
Стационирана семејно во вилата во Дојран, а за оние попратните одморчиња до Турција или Грција редовно си има нова агенда додека може и трае летната сезона.
Така и сега, нејзина нова дестинација е Пафос на Кипар од каде објави неколку „стори“ моменти заедно со ќеркичките на зајдисонце.
Ама како што е редот по нејзина пракса, ништо не поминува без доза провокација за како што знаат да речат „да се ложи“ масата…
Стегната во ултра минијатурно бикини со анимал принт од кој прелеваат бујните гради, а пак тангата на врвки длабоко понира во совршено извајаната задница.
Нишајќи се на ориентална турска инструментална музика во позадина, Сузето уште еднаш со го направи ќефот да провоцира и доминира.
Нејзе убаво на душа, а богами и за оние кои редовно „плакнат очи“.
фото:instagram printscreen/ suzanagavazova