Пејачката Тамара Тодевска речиси две години е во среќна љубовна врска со архитектот и дизајнер на ентериери Лука Радовиќ, а откако ја открија својата врска пред јавноста, тие редовно покажуваат колку се заљубени.
Месец февруари за нив не е посебен само поради Денот на вљубените кој е на праг, туку имаат уште една специјална љубовна увертира – роденденот на Лука кој наполни 32 годдини.
По тој повод, за Тамара овој пат зборовите беа излижни, па преку еден кус видео сублимат сакаше да му покаже што се’ тој и значи… Доволни беа само селектираните момнти од многу заеднички секојдневни мигови, особено оние поминати со нејзините деца, здравици, прослави, патувања…
Честитката за среќен роденден доволно беше да се зачини со што друго ако не музика и тоа не било која, туку со темата – Love на Lana Del Rey.
-Среќен роденден љубов моја, пишува Тамара во честитката која сосема доволно кажува се’.
Инаку, Тамара и Лука се пример дека љубовна не бира години, таа за за три месеци полни 40 години, тој ги има роденденските 32, а очигледно дека оваа разлика во години совршено функционира за нив.
фото:Instagram printscreen/tamaratodevska