Радио Милева другата страна на пејачот

Кога Павле „попушта“ пред играчките – Родителство во акција, сопругата Ирина сними сѐ (видео) 

Кога Павле „попушта“ пред играчките – Родителство во акција, сопругата Ирина сними сѐ (видео) 

Планинарката Ирина Дишовска Камилоска, сопругата на пејачот Павле Камилоски, денес сподели интересен момент на социјалните мрежи од нејзиното семејство со што ги развесели и разнежни нејзините пријатели.

Таа најпрво покажа дека одлучила да излезе од дома, оставајќи го сопругот, познатиот пејач, да ги чува нивните две деца, синот Јосиф и неговата сестричка Лена.

Кога се вратила, го затекнала додека тивко спие на подот, испружен и опкружен како „попуштил“ пред играчките што децата ги оставиле околу него.

Ирина со ова видео, пред следбениците, ги откри  убавините и предизвиците на родителството, каде љубовта и посветеноста на Павле се јасно видливи.

Во описот на видеото, планинарката напиша: „Ова е другиот Павле“, и со тоа покажа дека зад сценската слава стои човек полн со нежност и грижа кон своите најблиски.

 

Двојката важи за семејство, кое во домот создава атмосфера исполнета со многу љубов, разбирање и поддршка, заедно ги споделува сите животни предизвици и вистински ужива во секој заеднички момент.

Foto: print Screen/Instagram

To top