Пејачката Лепа Лукиќ одржа соло концерт во Сава Центарот.
Таа се појави пред белградската публика во комбинација од 10.000 евра, која специјално за неа ја одбрал Боки 13, пишува „Телеграф“.
На почетокот, таа одржа емотивен говор и ѝ се заблагодари на својата лојална публика што е со неа шест децении.
„Не ми дозволија да го објавам збогумскиот концерт, рекоа дека не треба да го објавувам, дека ќе пеам долго време, но бидејќи го нарекоа „За вечноста“, тоа значи дека ќе пеам додека сум жива“, рече Лепа Лукиќ и продолжи:
View this post on Instagram
„Сакам да ви се заблагодарам од дното на моето срце што ме бодревте 60 години. Да не бевте вие, немаше да издржам 60 години. Растевте со мене, остаревте и доживеавме повторно да се сретнеме во овие мои доцни години. Мислам, не ги чувствувам моите години, доста сум стара, но не изгледам така. Имам огледало.“
Foto: print screen/Instagram/lepa_lukic_official







