Радио Милева разочарување

Kавадарчанката Мирјана Митрева го скрши мразот од новата сезона на „Ѕвeздите на Гранд“, ама и пропадна во истиот (видео)

Kавадарчанката Мирјана Митрева го скрши мразот од новата сезона на „Ѕвeздите на Гранд“, ама и пропадна во истиот (видео)

Изминатата сабота започна да се прикажува новата сезона од популарниот регионален музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, нови кандидати, нови водители, нови улоги, па и нови правила за 2023/24 година и се’ што ќе следи во наредните месеци.

Македонците отсекогаш важеле за едни од најдобрите натпреварувачи, па токму со наше дете, односно со кавадарчанката Мирјана Митрева (21) од Кавадарци стартуваше уште една возбудлива сезона.

Мријана го скрши мразот на сцената со две поп- рок песни, супер сценски стилизирана, ама со нешто повеќе трема која веројатно беше причината која ја однесе во бараж.

За Мирјана гласаа само двајца од членовите на жирито, одоносно Ѓорѓе Давид и Цеца Ражнатовиќ додека другите беа воздржани и поради свои видувања не стиснаа на тастерот за младата кавадарчанка да избере свој ментор и да продолжи понатаму.

Бражот остана како надеж од кој можеби ќе продолжи понатаму во натпреварот, но тоа не се случи бидејќи продукцијата одлучи дека Македонката нема да биде таа која ќе добие златен глас за понатаму.

Промените во ова шоу се и повеќе од очекувани, а на Мирјана како млада талентирана девојка со надеж за пеење и посакаа дека пред неа има време повторно да се покаже и докаже.

Инаку, Митрева има средно музичко училиште, а свири пијано и гитара и има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со  успеси и освоени награди. Својот музички и вокален талент Мирјана го пресликува во нејзината прва песна „Вистинакоја ја промовираше лани, како прв чекор на домашната сцена.

фото: You Tube printscreen/ Zvezde Granda

To top