Радио Милева реaлна и со охрабрувачка порака

Катарина Грујиќ е ракета во бикини со минус 14 килограми по породување: „Имам рецепт за тоа“ (фото)

Катарина Грујиќ е ракета во бикини со минус 14 килограми по породување: „Имам рецепт за тоа“ (фото)

Пејачката Катарина Грујиќ многу се грижи за својот физички изглед, а по рамниот стомак и витката фигура никогаш не би рекле дека има мало дете и дека не толку одамна била бремена.

Многумина велат дека Катарина Грујиќ изгледа подобро од кога било, а сега почна лавина од коментари со фотографија на својот Инстаграм профил.

Таа позираше во црно бикини на работ од базенот, а нејзината фигура дојде до израз.

Да потсетиме, Каќа неодамна изјави дека во бременоста се здебелила 14 килограми и откри како успеала повторно да влезе во топ форма.

– Имам рецепт за тоа! (се смее) Ако ја фокусирате главата само на детето, тоа нема да ви помогне во животот. Кога сте во друга состојба, уживајте во животот, јадете што сакате, пијте што сакате. Така размислував и не се здебелив – изјави тогаш Каќа за „Гранд“, а потоа додаде:


-Кога останав бремена размислував само како ќе јадам во Мека за појадок, ручек и вечера, но на крајот не јадев во Мека девет месеци бидејќи не ми се јадеше. Мислам дека се’ варира од жена до жена, сите ние имаме различни тела и навистина не треба да се стресувате.

фото:Instagram printscreen/ katarinagrujic.doll

To top