Радио Милева исповед

Карлеуша проговори за агонијата низ која минувала по спонтаниот абортус: „Сакаа да ме понижат!“ (фото)

Карлеуша проговори за агонијата низ која минувала по спонтаниот абортус: „Сакаа да ме понижат!“ (фото)

Јелена Карлеуша проговори за пеколот низ кој поминала на концертот во белградско Ушче, а во таа прилика откри дека набргу по спектаклот имала спонтан абортус.

Во шокантната исповед на социјалните мрежи, музичката ѕвезда проговори за линчот што го доживеала, а потоа додала како успеала да се извлече од агонијата во која западнала откако го изгубила бебето.

– За да го илустрирам сето она што го напишав во претходната објава, ќе додадам дека кога излегував од лекарската ординација каде ми рекоа дека едно мало срце не чука во мене, папараците ме фотографираа. Отечена, расплаканаи без шминка. Следниот ден насловна со наслов: „Изрод! Погледнете како навистина изгледа Јелена Карлеуша без шминка!“ Тие слики најчесто потоа ги објавуваа сите оние кои, претпоставувам, сакаа да ме понижат, мислејќи дека ми е важно некој да помисли дека сум грда. Затоа што никогаш не мислев дека сум убава. Напротив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

– Паралелно со сета таа агонија ме открија светските медиуми кои почнаа да ги објавуваат сликите што ги направив пред белиот ѕид на мојата тераса. Таму се сликав секој ден и објавував слики, тоа беше мојот единствен настап и мојот контакт со публиката. Станувам наутро, се шминкам и одам на тераса. Бев предмет на потсмев на социјалните мрежи се додека тие слики не завршија во сите светски медиуми. Сè толку навидум цветаше што Ким Кардашијан ми напиша отворено писмо полно со комплименти, со која ме споредуваа, а во Белград ме посетија многу меѓународни ТВ екипи. Ме најавија како најголема балканска ѕвезда, балканската Мадона и Гага, а јас вешто лажав дека сум главното лице во мојата земја, криејќи го фактот дека сум забранета и демонизиран. И искрено, како би му ги објаснила причините на некој од Запад… кога не ги ни знаев – напишала ЈК на Инстаграм.

To top