Јелена Ѓоковиќ ги остави сите без зборови поради нејзиниот заносен изглед.
Сопругата на светски познатиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, се појави на настан во главниот град.
Јелена ги воодушеви сите со вечерашниот изглед на црвениот тепих.
Таа носеше сив комплет- долга широка јакна и мини, лелеаво здолниште, кои ги истакнаа нејзините извајани нозе.
Под сакото имаше бела маичка која одлично и прилегаше на целиот изглед.
Покрај тоа, таа носеше бели сандали на високи потпетици и во раката држеше чанта во иста боја.
Јелена не ја тргна насмевката од лицето, а на вечерашниот настан се појави без тенискиот ас.
фото:Instagram printscreen/ You Tube / Hype TV