Една од најпопуларнитеа фолк пејачка кај нас, атрактивната струмичанка Сузана Гавазова го промовираше видеоспотот за песната со која настапи на годинашното издание на фолк фестивалот „Роса фест 2024“.
Насловот на песната е „Далавера“, а музиката и текстот е на познатиот автор Орце Зафировски, додека арнжманот го направил Инан Неџиповиќ.
Видеоспотот го снимаше ИН Продукција, а приказната се одвива во „Даблин Паб“ во Охрид во вистинска вестерн атмосфера, налик на онаа од салун во каубојските филмови.
Гавазова во неколку улоги, но највпечатлива како секси шанкерка во салунот. Застаната зад шанкот во длабоко деколтиран тексас градник од кој „кипат“ бујните гради и раскопчани фармерки низ кои вири голото пупаче, струмичката фолкерка својот македонски музички вестерн филм го тера, како жива „Далавера“!
На снимањето на спотот и се придружуваат 20-на статисти, меѓу кои во видеото се појавува и нејзиниот сопруг Јасмин.
Во специјално изработената кореографија гавазова ја придружува атрактивна екипа од кантри девојки, од танцовото студио „Expose“.
За стајлингот, шминката и фризурата се погрижила специална екипа под водство на режисерот на видеото кое гои потпишува Стојан Стојановски.
Приказната завршува со убиствена одмазда на сексапилната каубојка Сузана која ја извршува без мака, зашто е евидентно дека колтот и тоа како добро и лежи в рака!
Како звучи и изгледа оваа македонска вестерн фолк приказна на Сузана Гавазова, дали ја доловила каубојската улога од Дивиот Запад и во која мера, проследете од видеото за нејзината „Далавера“: