Водителката Јована Јеремиќ објави слика со наследниците на нејзиниот партнер, бизнисменот Драган Станковиќ.
Јована Јеремиќ не крие дека ужива во љубовта со бизнисменот Драган Станковиќ. Водителката често објавува свои слики и видеа на Инстаграм, а овој пат ги изненади своите следбеници објавувајќи го своето „ново семејство“.
На сликата која водителката на Утринската програма ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм, можете да го видите нејзиниот партнер и неговите синови, младите момчиња Михајло и Милош.
„Да ми кажеше некој дека мојата животна приказна ќе има вакви луѓе во заплетот, немаше да верувам. Моето семејство. Леа само недостига, но таа е со баба и Олга. Па, една мајка не може да раѓа се, но Господ може да спојува луѓе со иста душа да ги поврзува и врзува. Кога ја сакаш личноста со која си тогаш сакаш се што е негово и се што претставува. Михајло и Милош,моја голема поддршка, моите двајца искрени и големи пријатели. Ти благодарам Драган за се што внесе во мојот живот.Тоа е исцелување.Те сакам љубов моја.П.С.Почнавме да личиме.Твојата љубов,кралица на твоето срце и твојата лавица“, напиша Јеремиќ покрај оваа слика:
View this post on Instagram
фото: Printskrin/instagram/jeremicjovana