По објавата на краток дел од српската верзија од својата нова, сè уште официјално необјавена песна, Јоце Панов сними и македонска верзија.
Иако песната сè уште нема своја официјална премиера, деловите што ги сподели на социјалните мрежи предизвикаа неверојатно силна реакција. Коментарите се исполнети со пофалби, љубов и воодушевување. Многумина веќе ја нарекуваат „новиот регионален хит“ кој ветува да остави трага оваа година.

Интересно е што песната веќе се пушта на забави, се споделува низ видеа и кружи меѓу фановите чии емоции ги допира. Ако судиме по првичните реакции, ова би можело да биде една од најслушаните песни во годината што изминува.
Од ПР Тимот на Јоце Панов велат дека во моментов се снима и видео запис за оваа песна и се очекува деновиве да ја види светлината на денот. Јоце периодов е со интензивни настапи, во преговори сме за турнеи во дијаспората, но ќе следуваат официјални информации. Она што е сигурно, ексклузивно најавуваме уште еден солистички концерт во Скопје, за кој наскоро ќе бидат објавени детали.
Фото: Фејсбук/Jоce Panov







