Мегафон хит во најава

Јоце Панов го стресе интернетот: Новата необјавена песна стана „заразна“ уште пред да излезе (ВИДЕО)

Јоце Панов го стресе интернетот: Новата необјавена песна стана  „заразна“ уште пред да излезе (ВИДЕО)

Неуморниот Јоце Панов повторно успеа да ја заинтригира публиката, овој пат со краток исечок од неговата нова, сè уште необјавена песна, која за само неколку часа стана „заразна“ на социјалните мрежи.

Иако песната официјално не е пуштена во етер, неколку секунди од мелодијата и дел од текстот беа доволни да предизвикаат лавина позитивни реакции кај публиката.

Отпеана на клавир, во живо, за многу кратко време собра илјадници лајкови и коментари. Според реакциите, песната има потенцијал да стане хит, а музичките познавачи веќе прогнозираат дека Јоце подготвува еден од неговите најдобри албуми. Најавено е дека песната ќе биде официјално објавена во наредните денови, заедно со видеоспот кој ќе носи визуелен концепт различен од сè што тој досега има направено.

Јоце накусо ни изјави: Не можам да дочекам да ја слушнете песната. Снимена е македонска и српска верзија. Во меѓувреме работам на неколку нови проекти. За она што го подготвувам наскоро ќе бидете информирани.  Оваа моја јубилејна година, во која прославив 25 години од мојата кариера со солистички концерт во Филхармонија, навистина е посебна.“

Со оглед на првичните реакции, сосема е извесно дека Јоце повторно има хит во најава,а публиката со нетрпение го очекува официјалното објавување.

Видеото може да го погледнете тука

To top