Радио Милева за реалноста на животот...

Јордан Митев со моќна порака: „Болниот има една желба, а здравиот има илјада желби (видео)

Јордан Митев со моќна порака: „Болниот има една желба, а здравиот има илјада желби (видео)

Фолк пејачот Јордан Митев пред камерите на естрадниот магазин „Бекстејџ“ проговори за реалната слика на животот и перцепцијата за тоа како гледаме на истиот кога сме здрави, а како кога го носиме товарот од здравствените проблеми, лични или оние на најблиските.

Митев секогаш отворено зборува пред јавноста за она што му се случува на приватен план.

Па така, ако пред четири годинини не сокри за лошите искушенија кои му ги донесе животот како опасниот канцер, операцијата и дијајнозата за автоимуно заболување, така и денес знае да акцентира дека не заборава како е во тешките денови.

-Секој кој што се жали за некои материјални работи, не знам, овака, онака, добро би било барем еднаш месечно да помине ете до државна болница, па да види таму како е.  Да види што значи тоа борба во животот и мака. Болниот човек има една желба, а здравиот има илјада желби, порачува Јордан.

Денес Митев поинаку гледа на лошите, па и на убавите нешта кои му ги носи животот.

Велат дека по дождот доаѓа сонце, па за пејачот и неговото семејство по тешки денови, пред околу една година, силно блесна сонце кога не свет дојде негово прво чедо, ќеркиќката која е центарот на нивниот универзум.

Со оптимистична мисла и посветеност на себе, Јордан Митев со помош на лекарите сега е задоволен од сопственото здравје, а со помислата дека ја имаат наследничката до себе, регенерацијата е неминовна.

фото:Instagram printscreen/ backstage_macedonia/ Facebook/ Jordan Mitev

To top