Радио Милева сериозен проблем

Јелена јавно призна со што се соочува: Српската водителка откри што не прават  со сопругот (фото) 

Јелена јавно призна со што се соочува: Српската водителка откри што не прават  со сопругот (фото) 

Бракот на водителката Јелена Бачиќ Алимиќ отсекогаш важел за еден од најхармоничните и трае повеќе од 25 години.

Во текот на сите тие години, поранешната водителка, а сега успешнa писателка, со својот сопруг Мирослав Алимпиќ изгради прекрасно семејство.

Она што го прави нивниот брак посебен е фактот што Јелена и нејзиниот сопруг речиси од самиот почеток не спиеле во иста соба.

За оваа необична одлука писателката проговори во емисијата на Гоца Тржан, каде детално ги објасни причините за овој избор.

„Спијам во посебна просторија од мојот сопруг од многу техничка причина. Од сериозна причина мојот сопруг има апнеја при спиење, поради што дури имаше и операција“, беше искрена Јелена, а познато е дека многу голем број луѓе имаат проблем со ‘рчењето, а спасот го наоѓаат во различни методи.

“Ужасно хрчи, а се гуши, што е трауматично за мене. А бидејќи сум во менопауза, не можам да спијам вака, дури ни да ме удрите со чекан по глава”, рекла Јелена откривајќи дека таа и нејзиниот сопруг се во прва фаза „Спиевме заедно пред да се венчаме, но тоа не траеше.

Јелена признала дека веднаш го открила проблемот. „Многу брзо открив, таа прва фаза не траеше. Мислам дека блискоста е важна, да чувствуваш нечија топлина, мирис, нечиј допир, дека наутро кога ќе ги отвориш очите гледаш некој што го сакаш и го делиш тој кревет.  Мислам дека жените кои спијат со своите сопружници имаат неправедна привилегија“, заклучи Јелена во емисија на телевизијата К1.

фото : printscreen/instagram

To top