Радио Милева некогаш и сега

„Јас плус 33“: Гиговска се потсети на вишокот килограми од пред три години (ФОТО)

„Јас плус 33“: Гиговска  се потсети на вишокот килограми од пред три години (ФОТО)

Антониа Гиговска покрај сето останато  го привлече вниманието на јавноста и со брзото враќање на своето, сега извајано тело по породувањето.

Оттогаш  пејачката е посветена на својот физички изглед и се грижи за исхраната, па не е изненадување што брзо ја постигна посакуваната фигура.

Таа деновиве  се потсети на нејзиниот изглед од пред три години, со вишокот килограми кои повеќе ги нема. Сега изгледа тип – топ и секако без своите некогашни „вишок облини“ од кои одлучи да се ослободи.

„Овде сум јас од пред 3 години со плус 33 килиграми од сега“ –  напиша Антониа со цел да ги инспирира нејзините следбеници споделувајќи го нејзиното искуство и начинот со кој го постигнала тоа.

Преку пораката која ја сподели таа им најави дека во следните „сториња“ на Инстаграм ќе им подготви и специјални видеа за мотивација.

Пејачката сега ужива да го поминува времето во теретана, а за тоа редовно ги известува нејзините обожаватели преку социјалните мрежи.

 

Антониа веќе без проблем ја крева маичката нагоре, а сега и мотивацијата кај обожавателките. Кај оние од посилниот пол – и либидото!

 

фото: printscreen/instgaram

To top